Атлетико ќе им ги скрати крилјата на Црвените бикови

Лајпциг – Атлетико Мадрид (фудбал, Лига на шампиони, четвртфинале, 21.00 часот)

Лајпциг без првиот стрелец Тимо Вернер, кој замина во Челзи, ќе има проблем да го најде патот до голот на Атлетико, кој ја има една од најдобрите одбрани во Европа. Хартман и Забицер се повредени кај Лајпциг, а кај Атлетико ќе ги нема Кореа и Врсаљко, кои се во домашен карантин бидејќи се позитивни на корона-вирусот. Атлетико во осминафиналето го елиминираше Ливерпул, па важи за фаворит и не би смеел да ја испушти шансата. Статистиката вели дека нема да има повеќе од три гола.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

Жирона – Алмерија (фудбал, Шпанија 2, плејоф, 19.30 часот)

Ова е прв меч од полуфиналето на плејофот за влез во Примера. Жирона ќе се обиде да направи предност која ќе биде убава залиха пред реваншот, но Каталонците нема да имаат помош од публиката и тоа е шанса за Алмерија, која беше најефикасна екипа во лигата. Жирона дома ретко прима голови, но и не постигнува повеќе од два, барем така беше на сите мечеви од крајот на јануари наваму. Овие тимови се сретнаа на „Монтливи“ и пред еден месец, а Жирона славеше со 1-0.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.62)

 

Елче – Сарагоса (фудбал, Шпанија 2 плејоф, 22.00 часот)

Елче одвај се проби до шестото место кое му донесе плејоф, а Сарагоса беше трета во Сегунда и беше поблиску до враќање во елитата. Традицијата на меѓусебните дуели во Елче покажува дека секогаш имало победник, а ние ќе одиме контра тоа и ќе типуваме на нерешено. На 15 февруари, Елче дома загуби од Сарагоса со 1-2. Сарагоса вкупно (дома и на гости) има три победи по ред во дуелите со Елче, сите беа минимални.

Предлог тип: Х (3.00)

 

Норчепинг – Хамарби (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

Норчепинг има два порази по ред и почна да  ја губи трката за второто место, додека Хамарби не знае за пораз во последните четири кола и сега е шести. Норчепинг е најефикасна екипа во лигата со 31 гол на 14 меча, но одбраната им е полоша од таа на Хамарби, кој 19 години не победил на овој стадион. Норчепинг одамна нема загубено дома, а и славеше против Хамарби со 2-0 во нивниот последен меѓусебен дуел.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

Елфсборг – Фалкенберг (фудбал, Шведска, 19.00 часот)

Елфсборг е втор и не смее да си дозволи кикс против претпоследниот на табелата. Елфсборг одигра нерешено на претходните два домашни мечеви, и тоа со 3-3. Тука единицата е извесна, но Фалкенберг не прима многу голови во последно време, па веројатно поразот ќе им биде со тесен резултат. Традицијата апсолутно ги фаворизира домашните. Елфсборг на последните три домашни лигашки дуели со Фалкенберг дава 4 или повеќе голови и редовно победува.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Елфсборг – Фалкенберг 1 & 2-5 (2.15)

Лајпциг – Атлетико Мадрид 1+I & 3+ (2.65)

Елче – Сарагоса 1Х & 2+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести