Бразил секогаш била земја-фабрика за фудбалски суперталенти и тој факт нема да се смени во скоро време. Реиниер Жезус Карвалјо е новиот вундеркид кој ги брани боите на Фламенго, а од Шпанија веќе се појави интерес за неговите услуги иако има само 17 години. Атлетико Мадрид е клубот кој сака да вложи голем дел од своите средства за да го доведе новот бразилско чудо од дете на „Ванда Метрополитано“.
Јорганџиите наводно воспоставиле контакт со Фламенго околу нивната идна фудбалска ѕвезда, и подготвени се да потрошат повеќе од 50 милиони евра за Реиниер, отприлика колку што плати Реал Мадрид за талентираните Винисиус јуниор и Родриго Гоес. Сепак, челниците на Фламенго засега немаат намера да инкасираат помалку од клаузулата на Реиниер, која изнесува 62 милиони евра, но јасно е дека проговорите ќе продолжат во блиска иднина.
Реиниер, кој игра на позицијата офанзивен везист, оваа сезона се наметна како еден од клучните играчи на Фламенго, па така на девет меча запиша три гола и две асистенции.