Атлетико ќе се бори и против историјата, никогаш не поминал понатаму после пораз дома

Атлетико Мадрид ќе мора вечерва против Челзи на „Стемфорд бриџ“ да го повтори ланското чудо од „Енфилд“ против Ливерпул ако сака да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Атлетико не игра само против Сините, туку и против традицијата и историјата.

Мадридските Јорганџии никогаш (имале седум такви случаи) не добиле некој елиминациски двобој откако на првиот меч загубиле како домаќини. Атлетико имаше несреќа да игра како домаќин во Букурешт и загуби со 0-1 од Челзи, кој вечерва ќе си игра на неговиот стадион во Лондон.

Челзи игра баш дома за разлика од Ливерпул и Манчестер сити кои изигруваа домаќини во Будимпешта, затоа што противникот на Челзи не е од Германија. За сите кои од Велика Британија влегуваат во Шпанија, доколку живеат во Шпанија, не е потребен карантин од 14 дена. Во Германија е поразлично и сите по враќање од Велика Британија мора да одат во изолација.

Играчите на Атлетико не смеат да излезат од хотелот во Лондон, но тоа може и да им помогне да се фокусураат на мечот. Челзи не знае за пораз со Томас Тухел на клупата. Против традицијата се бори и Луис Суарес, кој шест години нема дадено гол на гости во ЛШ, а во Атлетико од него се очекуваат толку потребните голови. Позитивно за шпанскиот клуб е што со Диего Симеоне на клупата, никогаш не бил елиминиран од англиски тим, но овојпат проблемот е што првпат им се случи да загубат дома во првиот дуел.

- Оглас -

Најнови вести