19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Атлетико конечно врза две победи во Ла Лига

За прв пат сезонава, Атлетико Мадрид врза две победи по ред во Ла Лига. За денешната победа од 2:1 над Џирона, „јорганчиите“ мораа да се борат до 90 минута.

Долго време, домаќините ги контролираа случувањата на „Ванда Метрополитано“ бидејќи со головите на Анхел Кореа во 5. и во 48. минута имаа два гола предност.

Но, со голот во 65. минута на Родриго Рикелме кој игра во Џирона како позајмен играч токму од Атлетико, се врати неизвесноста и гостите до последниот свиреж на судијата претставуваа постојана опасност кон голот на Јан Облак.

Џирона дури ја погоди и стативата, но на крајот Атлетико успеа да ја сочува предноста и да дојде до триумф кој го искачи на четвртото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести