Искусниот напаѓач Диего Коста на 32-годишна возраст за прв пат ќе заигра во родниот Бразил, откако потпиша договор со Атлетико Минеиро. Коста е роден во Бразил, но уште како 18-годишен тинејџер замина во Португалија, од каде започна неговата европска одисеја.
🐔⚔️ #DiegoCostaNoGalo pic.twitter.com/JKLzdpmVQT
— Atlético 😷 (@Atletico) August 15, 2021
Играше во повеќе клубови, но најголема трага остави во Атлетико Мадрид, каде три пати се појавуваше како засилување. Последен пат за Јорганџиите настапи во периодот од 2018 до 2020 година, а потоа самоиницијативно реши да го раскине договорот.
Откако повеќе од пола година не најде клуб во Европа, Коста реши да замине во Бразил и потпиша едногодишен договор со Атлетико од Минеиро. Коста дури ја одбра Шпанија за емја за која треба да настапува и 24 пати го носеше дресот на Црвената фурија. Сега дојде време да се врати во родната земја.