31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Атлетико М. го откажа настапот на популарната пејачка затоа што прогнозираше дека Реал ќе победи

Атлетико Мадрид се подготвува за градското дерби против Реал Мадрид, кое ќе се игра в недела на „Ванда Метрополитано“. Според планот на Атлетико, на полувреме од дербито требаше музичко шоу да има популарната мексиманска пејачка и глумица, Дана Паола.

Сепак, Паола добила „црвен картон“ и нема да настапи на полувреме од дербито, откако пејачката изјавила дека типува победа на Реал Мадрид од 2:1.

Атлетико Мадрид моментално е на третото место на табелата со 15 бодови, додека Реал Мадрид има два бода повеќе и со 17 бодови е на второто место. Лидер во Примера дивисион е Барселона со максимални 21 бодови по седум одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести