Атлетико Мадрид бара меѓу 130 и 140 милиони евра за да го продаде португалскиот репрезентативец Жоао Феликс, а објавено е дека менаџерот Жорге Мендеш веќе има контакти со неколку гиганти.
Иако се шпекулираше дека се заинтересирани за ангажман на Феликс, Светците од Париз, ПСЖ, не се на листата на Мендеш.
Менаџерот на Феликс веќе контактирал со четири клуба, со Манчестер јунајтед, Баерн, Челзи и Арсенал за трансфер на 23-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид.
Јорганџиите од главниот град на Шпанија урнаа клупски рекорд во јули 2019 година кога платија 126 милиони евра на сметката на Бенфика за преселба на Феликс.
Тоа бешпе и најскапиот трансфер тоа лето, а Жоао потпиша 7-годишен договор, што се уште важи до 2025 година.
Феликс не го оправда влогот на Атлетико во четвртиот најскап трансфер на сите времиња и мадриѓани се обидуваат да го продадат и да си ги вратат парите што ги дадоа за него пред три години.