Атлетико Мадрид забележа убедлива победа од 0-5 на гостувањето кај Ваљадолид и дојде на само два бода заостанување од лидерот Барселона. „Јорганџиите“ немаа никакви проблеми против „фенерџијата“ на табелата, па победата ја обезбедија уште во првото полувреме.
Клемен Ленгле во 26-тата минута донесе водство од 0-1, Хулијан Алварес во 35-тата зголеми 0-2, а за 0-3 стрелаше Родриго де Пол. Во второто полувреме прецизни за Атлетико Мадрид беа Антоан Гризман и Александер Сорлот.
За Атлетико Мадрид ова беше седма победа по ред во сите натпреварувања со импресивна гол-разлика од 20:2.