Атлетико Мадрид и Манчестер сити ќе имаат гол-шоу на „Ванда Метрополитано“

6004 Атлетико Мадрид – Манчестер сити (Лига на шампиони, 21:00 часот)

На првата средба во Манчестер, Диего Симеоне беше критикуван за поставеноста на неговиот тим. Но, вечерва немаат право да одиграат така бидејќи Сити ја има предноста од 1:0.

Очекуваме еден поинаков Атлетико, кој ќе биде жеден за гол повеќе, а во такви случаеви екипите на Пеп Гвардиола се најопасни.

Едностанво, на овој меч што и да се случи, нема да биде изненадување, но ние сметаме дека ќе видиме најмалку три погодоци, за што има одличен коефициент.

Предлог тип: 3+ (2.05)

 

6003 Ливерпул – Бенфика (Лига на шампиони, 21:00 часот)

Тимот од „Енфилд“ пред своите навивачи ќе излезе со удобна предност од 3:1, иако примерот со Реал Мадрид треба да им биде во паметот за да не им се случи тоа и ним.

Сепак, реалноста е дека Бенфика е далеку од квалитетот на Челзи, но барем во ваквата, елиминациска фаза покажаа дека не случајно се тука, како и Вилјареал.

Ливерпул ќе сака со брз погодок да ја „умртви“ играта и со лесно темпо да го затвори мечот пред полуфиналниот меч од ФА купот со Манчестер сити.

Предлог тип: 1 прво полувреме (1.71)

 

8005 Макаби Тел Авив – Фенербахче (Евролига, 18:30 часот)

Овој меч нема никакво резултатско значење за двете екипи и е последен од регуларниот дел од сезоната во Евролигата.

Макаби ќе игра во плејофот, и тоа како шестопласиран без оглед на конечниот исход од оваа средба, додека Фенербахче е „аут“. Затоа, границата од 154,5 поени навистина изгледа одлично за да видиме меч со поголем број поени.

Предлог тип: >154.5 (1.94)

 

9840 Чешка – Македонија (Финале, бараж-квалификации за СП, 20:15 часот)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот од двата натпревари против Чешка од финалниот бараж за Светското првенство.

Момците на Кире Лазаров се во потрага да обезбедат што подобар резултат од ова гостување во пресрет на реванш-средбата којашто се игра во недела, во арената „Борис Трајковски“.

За вечерва, пак, одлична е квотата за да постигнеме најмалку 26 погодоци, а за тие што сакаат да одиграат патриотски, пак, супер е коефициентот за двојка кој изнесува 3.50.

Предлог тип: Т2>25.5 (1.85)

 

7335 Мартон Фуксович – Диего Шварцман (АТП Монте Карло, 14:30 часот)

Мастерсот во Монте Карло е еден од најпрестижните во тенискиот свет. Една од најинтересните средби од шеснаестфиналната програма го играат Мартон Фуксович и Диего Шварцман, каде што Аргентинецот ја има фаворитската улога.

Интересно е што на земја овие двајца тенисери се имаат сретнато само еднаш, и тоа на Ролан Гарос.

И денеска очекуваме победа на Шварцман во меч каде што ќе гледаме три сета и голем број гејмови.

Предлог тип: >21.5 гејмови (2.02)

- Оглас -

Најнови вести