Атлетико Мадрид исфрлен од третолигаш во Купот на Шпанија

Атлетико Мадрид, кој 10-ти пати во историјата го има освоено Купот на Шпанија, денеска доживеа неочекувана елиминација, и тоа од третолигашот Леонеса. Јорганџиите настапија во комбиниран состав бидејќи тренерот Диего Симеоне реши да одмори дел од стандардните првотимци, но никој од гостите не очекуваше пораз.

Фаворитот поведе со голот на Кореа во 62-рата минута, но третолигашот не се предаде и со погодокот на Кастанеда во 83-тата минута успеа да израмни и да се избори за дополнителни 30 минути. Во продолжението, Леонеса приреди сензација. Серџо Бенито даде гол во 108-мата минута, што на крај се покажа како доволен за третолигашот да го елиминира фаворитот Атлетико Мадрид.

Гигантот од Мадрид не беше едиствениот фаворит исфрлен од третолигашка екипа. Еибар загуби на гости кај Бадежоз со 3:1. И Селта Виго е исфрлена од Купот откако загуби со 2:1 по продолженијата од второлигашот Мирандес, додека Леганес со 1:0 го победи Ебро на гости.

 

- Оглас -

Најнови вести