Атлетико Мадрид официјално објави дека Мемфис Депај го напушта клубот како слободен агент.
„Хермосо, Мемфис и Паулиста нема да продолжат како дел од тимот наредната сезона. Им посакуваме многу среќа во нивните идни професионални и лични предизвици“, објавија од Атлетико Мадрид.
Холандскиот напаѓач пристигна во Атлетико во јануари 2023 година од Барселона и одигра 40 натпревари, на кои постигна 13 голови.
Покрај него, од клубот си заминуваат и дефанзивецот Марио Хермосо, кој беше дел од тимот последните пет сезони, како и стоперот Габриел Паулиста. Нивните договори истекуваат и нема да бидат обновени.
Во исто време, Атлетико Мадрид објави дека ќе го продолжи договорот на искусниот Сезар Аспиликуета за уште една сезона. 34-годишниот дефанзивец пристигна од Челзи минатото лето и одигра 34 натпревари во минатата сезона.