31.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Атлетико Мадрид како брз воз мина низ Валенсија, Столе повторно остана на клупа (Видео)

Атлетико Мадрид најмалку до 23 часот ќе биде во Ла Лига, откако со убедливи 0-3 славеше на гостувањето кај Валенсија. Македонскиот репрезентативен голман и на овој меч остана на клупата за резервни фудбалери.

Победата за Атлетико Мадрид ја донесоа Хулијан Алварес со два гола, во 12-тата и 30-тата минута, како и Анхел Кореа во 86-тата.

„Јорганџиите“ сега имаат 53 бода, по два повеќе од Барселона и Реал Мадрид, но „каталонците“ вечерва играат на гости кај Лас Палмас, додека „кралевите“ утре ќе го одиграат мечот од 25-тото коло против Жирона на домашен терен.

- Оглас -

Најнови вести