Атлетико Мадрид ќе го победи Порто и ќе се „моли“ на Ливерпул

6003 Порто – Атлетико Мадрид (21:00 часот)

Групата Б ќе биде најинтересна за следење во последното коло. Луверпул е сигурен патник, а за второто место ќе се борат Порто, Атлетико Мадрид и Милан.

Сепак, доколку потругалскиот тим вечерва победи, тогаш со сигурност ќе му се приклучи на премиерлигашот.

Но, ние вечерва типуваме на тимот на Диего Симеоне само затоа што има поквалитетни фудбалери и знаат како е да се игра во вакви тешки натпревари.

Предлог тип: 2 (2.70)

 

6008 Милан – Ливерпул (21:00 часот)

Како што напишавме погоре, Англичаните се сигурно првопласирани, па затоа во Милано е за очекување дека ќе извадат измешан, ако не и втор состав.

Од друга страна, пак, Милан и покрај тоа што му е потребна победа, се соочува со голем број повредени фудбалери.

Најмалку деветмина од нив се под знак прашање, а станува збор за стандардни првотимци, па ќе му биде тешко на Пиоли да го склопи првиот тим.

Во секој случај, очекуваме тешка и макотрпна битка со мал број голови.

Предлог тип: 0-2 гола (2.30)

 

6007 Ајакс – Спортинг Лисабон (21:00 часот)

И двата тима ќе играат во плејофот во ЛШ, па затоа вечерва можеме да очекуваме голеада.

Ајакс има максимални 15 бодови од пет средби, па затоа вечерва ќе играат за мерак.

Тоа може да се каже и за Спортинг, кој со победата над Борусија Дортмунд минатата рунда си закажа пролет во најелитното натпреварување.

Предлог тип: 4+ (2.16)

 

6004 Реал Мадрид – Интер (21:00 часот)

Натпревар кој ќе одлучува за првото место во групата Д.

Реал Мадрид е прв со 12, па следува Интер со 10 бода, а тоа значи дека Италијанците ќе мора да атакуваат на сите три поени.

И двата тима се расположени за голови, па затоа нив вечерва ќе ги очекуваме и во двете мрежи.

Голем минус за домаќините ќе биде неиграњето на Карим Бензема, но тука е Винисиус, кој игра фантастично, а од спротивната страна тоа може да се каже за двоецот Мартинез-Џеко.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.94)

 

1025 Сандерленд – Моркомб (Лига еден Англија, 20:45 часот)

Некогашниот премиерлигаш веќе неколку сезони е во третиот ранг и никако да се врати на старите патеки.

Сепак, Сандерленд игра добро сезонава и е на петтото место, но интересно е што има само два бода помалку од лидерот.

Моркомб, пак, според сегашната табела, ќе води грчевита борба за опстанок и според квалитетот и расположението, Сандерленд е апсолутен фаворит.

Предлог тип: 1 и 3+ (2.17)

- Оглас -

Најнови вести