Атлетико Мадрид киксираше на гости кај последнопласираниот тим во лигата

Атлетико Мадрид и дефинитивно покажа дека нема тим кој може да се бори за титулата во Примера дивисион, откако одигра нерешено на гостувањето кај Алмерија во меч од 26 коло на шпанското првенство. Фаворизираните гости два пати имаа водство, но домаќините се враќаа и израмнуваа.

Кореа ја отвори серијата погодоци уште во втората минута, а Ромеро израмни на 1:1 во 27 минута. Слична беше ситуацијата и во второто полувреме. Атлетико прв даде гол и тоа преку Де Паул за водство од 2:1, но само седум минути подоцна повторно Ромеро беше прецизен за Алмерија и израмни на 2:2.

Со овој освоен бод Атлетико сега има 52 поени, дури 10 помалку од лидерот Реал Мадрид кој утре ќе игра против Севилја на свој терен. Алмерија останува на дното со само девет освоени бодови и уште е без ниту една победа во првенството.

- Оглас -

Најнови вести