Деветмина навивачи на Атлетико Мадрид се доживотно суспендирани со забрана за посета на стадионот на нивниот омилен клуб, откако членот на Ла Лига реши да ги казни поради расизам и недолично однесување. Дел нив се казнети поради фрлање на тврди предмети на дерби дуелот против градскиот ривал Реал Мадрид, а останатите поради расистички испади на гостувањето кај Бенфика во Лигата на шампионите.
„Уште еднаш повторуваме дека најостро го осудуваме било каквото изразување на насилство на стадионите и ставови кои немаат врска со фудбалот, со кои се нанесува штета на имиџот на Атлетико Мадрид.“ – се вели во соопштението на клубот.
Атлетико Мадрид со соработка со полицијата ги прегледа сите снимки од посочените натпревари, а за тоа им беше потребно еден месец. На крајот се идентификувани само девет навивачи кои сториле прекршоци.