Атлетико Мадрид освои бод во Истанбул, Ајнтрахт се збогува од Лигата на шампионите (Видео)

Галатасарај и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1:1 во многу возбудлив дуел од седмото коло во Лигата на шампионите. Двата погодоци беа постигнати во почетните 20 минути, но целиот меч изобилуваше со шанси, но потоа мрежите мируваа.

Само по четири минути Атлетико Мадрид дојде до водство, откако Симеоне погоди за 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Галатасарај до бод стигна благодарение на автогол на гостите, кога Љоренте го матира Јан Облак за 1:1. Израмнувачкиот погодок може да го видите ТУКА.

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт загуби со 3:2 на гости кај Карабах. Гостите од Германија водеа со 2:1 по погодокот на Чаиби од пенал, но Карабах не се предаде.

Најпрво во 80-тата минута Дуран израмни на 2:2, а се играше 90+4 минута кога Карабах даде гол за победа од 3:2. Со овој триумф Карабах има реални шанси да оди во нокаут-фазата во Лигата на шампионите, а Ајнтрахт Франкфурт сигурно ќе го заврши настапот во елитното друштво по завршувањето на последното осмо коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести