Атлетико Мадрид пет натпревари не знае за победа, но Симеоне вели: „Играме одлична сезона“

Атлетико Мадрид има четири порази и едно реми на последните пет меча во сите натпреварувања, па по елиминацијата од Лигата на шампионите, веќе имаат и девет бода заостанување зад Барселона во Ла Лига. Единственото натпреварување во кое сè уште имаат шанси за трофеј е Купот на Шпанија, а таму противник им се токму Kаталонците.

„Моето чувство е дека екипата игра многу добра сезона. Игравме одлично во Лигата на шампионите и одлично се снаоѓаме во првенството. Одиме натпревар по натпревар. Мора да продолжиме со ентузијазам, енергија и интензитет. Противникот игра со ист интензитет во текот на целиот натпревар, ќе имаат шанси за гол, храбри се, а ние мора да се обидеме да им се спротивставиме“, вели тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Првиот меч помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид во полуфиналето од Купот на Шпанија заврши нерешено, 4-4, па патникот во големото финале ќе се одлучува на „Метрополитано“.

- Оглас -

Најнови вести