Атлетико Мадрид по пауза од три месеци, конечно победи на гости во Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа во последниот натпревар од 21-вото коло во Ла Лига и ја прекинаа серијата порази на гости.

Јорганџиите вечерва ја совладаа Гранада со 0:1, што е прва победа на гости за тимот предводен од Диего Симеоне по четирите порази.

Атлетико Мадрид во последните четири меча во Ла Лига како гостин загуби од Жирона (4:3), Атлетик Билбао (2:0), Барселона (1:0) и Лас Палмас (2:1), а последен пат славеше на 21 октомври против Селта (0:3).

Голот вреден три бода за Атлетико Мадрид го постигна Алваро Мората во 55-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести