31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Атлетико Мадрид победи и ја прескокна Барселона на табелата (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа со минимални 1:0 против Мајорка во последниот денешен меч од 14-то коло во Ла Лига и ја прескокнаа Барселона на табелата.

Јорганџиите имаат ист број на бодови како и Барселона – 31, но имаат подобра гол-разлика, а згора на тоа имаат и натпревар помалку од каталонскиот тим.

Единствениот гол на мечот со кој Атлетико го задржа перфектниот скор на домашен терен (пет победи во пет меча) беше дело на Антоан Гризман во 64-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести