7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Атлетико Мадрид почнува да сонува, Јунајтед се согласил да го продаде Кристијано!

Манчестер јунајтед сепак попуштил и се согласил да го продаде Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда е незадоволна, првпат во кариерата негов тим е на последно место на табелата, нема да игра во Лигата на шампионите, клубот не е доволно амбициозен и бара да си замине.

Досега клубот ја отфрлаше таа опција, но последните информации се дека сепак му ја оставиле вратата отворена. Роналдо беше понуден на многу клубови, но сите го одбија. Сега останува тој да си ги намали барањата и да си најде нова средина.

Шпекулациите се дека Атлетико Мадрид е најблиску до Роналдо, но откако тој официјално ќе се раздели со Јунајтед, можно е уште некој да се заинтересира.

- Оглас -

Најнови вести