Атлетико Мадрид покажа сила во Прага, Милан ја освои Братислава (Видео)

Атлетико Мадрид и Милан остварија победи на денешните гостувања во Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим со 0-6 ја декласира Спарта Прага и сега има девет бода по пет одиграни натпревари во елитното европско натпреварување.

Хулијан Алварез и Анхел Кореа беа двојни стрелци, а погодија и Маркос Љоренте и Антоан Гризман. Гризман и капитенот Коке на овој натпревар го прославија јубилејниот стоти настап во Лигата на шампионите.

Милан со малку повеќе мака дојде до три бода во Братислава победувајќи го Слован со 2-3.

Кристијан Пулишиќ во 21-та минута донесе водство за Милан, но израмни Тигран Барсегјан само три минути подоцна.

Во вториот дел, Рафаел Леао повторно обезбеди предност за италијанскиот тим, а Тами Абрахам зголеми на 1-3 во 71-та минута.

Слован Братислава постигна втор гол преку Нино Марсели во 88-та минута, но потоа домашниот играч Толиќ доби црвен картон и му помогна на Милан да го заокружи триумфот.

- Оглас -

Најнови вести