Атлетико Мадрид продолжи со победите и се израмни со Барселона на врвот (Видео)

Атлетико Мадрид го оствари 11-от триумф во низа, шести по ред во Ла Лига, откако на домашен терен го совлада Хетафе со 1-0. Со оваа победа, Атлетико стигна до 38 освоени бода и се израмни на врвот со Барселона.

Тимот на Диего Симеоне долго се обидуваше да го разбие бедемот пред голот на Хетафе. На крајот тоа му успеа на норвешкиот интернационалец Александер Сорлот.

Напаѓачот регираше одлично на центаршутот на Молина од десната страна и со удар со глава ја затресе противничката мрежа. Тоа беше доволно за нови три бода и за продолжување на победничкиот ефект.

- Оглас -

Најнови вести