21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Атлетико Мадрид сака да го купи Дарвин Нуњес

Атлетико Мадрид подготвува понуда за напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњес. Се верува дека Црвените не планираат Уругваецот да биде дел од тимот следната сезона и активно бараат ново решение за офанзивната линија.

Шпанскиот клуб е подготвен да понуди сума од 35 милиони евра, но тоа е далеку од барањата на Ливерпул. Англискиот тим е свесен за силниот интерес од Саудиска Арабија и нема да прифати понуда помала од 50 милиони евра.

Иако официјални преговори сè уште нема, иднината на Нуњес на „Енфилд“ изгледа неизвесна, а заминувањето од клубот е сè поверојатно.

- Оглас -

Најнови вести