14.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Атлетико Мадрид се жали на УЕФА: На „Емирати“ немавме топла вода

Атлетико Мадрид и официјално поднесе жалба до УЕФА откако фудбалерите останале без топла вода на „Емирати стадионот“ за време на тренингот пред мечот во Лигата на шампионите против Арсенал.

Екипата на Диего Симеоне вчера попладне тренирала на дождливо време, а откако завршил тренингот, сите биле непријатно изненадени бидејќи во тушевите во соблекувалната немало топла вода.

Проблемот бил пријавен кај луѓето од Арсенал, но едноставно топла вода немало. Фудбалерите на Атлетико морале да заминат во хотел за да се истушираат. Од шпанскиот тим и формално упатиле протест до УЕФА, наведувајќи дека за нив е неприфатливо на таков стадион и на натпреварување како што е Лигата на шампионите да има таков пропист.

Од УЕФА засега немаат официјална реакција на оваа поплака од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести