Атлетико Мадрид беше подобар од олстар-тимот на МЛС-лигата со 3-0 во пријателски меч во Орландо. Публиката која до последно место ги исполни трибините можеше да види колкава е разликата од американскиот до врвниот европски фудбал.
Маркос Љоренте погоди за 1-0 во финишот на првото полувреме, по една убава акција на Атлетико, а при крајот на средбата, погодија и Жоао Феликс и Диего Коста.
Дождот правеше големи проблеми во Орландо, мечот почна со 34-минутно задоцнување, а и во текот на средбата постојано врнеше. Златан Ибрахимовиќ играше само 30 минути. МЛС-ѕвездите од 2005 година наваму редовно, секое лето играат меч против некој голем европски клуб, а последната победа им е во 2015, кога го совладаа Тотенхем со 2-1.
https://www.youtube.com/watch?v=UN37wuhGV1M