Атлетико Мадрид со „петарда“ до виза за полуфиналето во Купот на кралот (Видео)

Атлетико Мадрид е првиот полуфиналист на шпанскиот Куп откако на домашен терен буквално го растури Хетафе со 5-0. Победникот и патникот во следната рунда беа решени уште во првото полувреме, по кое Јорганџиите имаа убедливи 3-0.

Симеоне двапати и по еднаш Лино, Кореа и Сорлот беа стрелци за Атлетико Мадрид, кој нема пораз од Хетафе уште од 2011 година, односно 29 натпревари по ред.

- Оглас -

Најнови вести