Атлетико Мадрид во слободен пад, Мајорка ги зголеми маките на Симеоне

Атлетико Мадрид се наоѓа во вистински нокдаун, испадна од Лигата на шампионите и од европската сцена воопшто, а во Ла Лига доживеа нов пораз, втор во последните три кола и четврти во сезоната.

Подобра од Јорганџиите беше Мајорка, која славеше со 1:0 и го кутна тимот на Диего Симеоне на шестото место на табелата со 24 бода.

Стрелец на единствениот гол на мечот беше косовскиот репрезентативец Ведат Муричи во 16-тата минута. Ова за Муричи беше петти натпревар по ред во Ла Лига на кој постигнува барем еден гол.

Во лоша серија се наоѓа и Севилја. Тимот од Андалузија по поразот на домашен терен од 1:2 од Реал Сосиедад, се наоѓа на 17-тото место на табелата.

Севилја во првото полувреме остана со деветмина играчи по директните црвени картони на Ракитиќ и Нијанзу и немаше шанси против Баскијците. Гостите поведоа во 20-тата минута со голот на Александар Сорлот, а на 0:2 зголеми Браис Мендес во 36-тата минута.
До полувремето Севилја успеа да го намали резултатот преку Рафа Мир, но со двајца играчи помалку на теренот не можеше да направи нешто повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести