22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Атлетико мора да урне две серии за да го елиминира Челзи

Атлетико Мадрид ќе треба да урне две актуелни серии на Челзи, вечерва од 21 часот на „Стемфорд Бриџ“ за да има шанса да ја анулира негативата од првиот меч од 0:1 и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Првата е пет меча по ред без примен гол на Челзи, вклучувајќи го во таа низа и првиот натпревар што се одигра на „Ванда Метрополитано“, а го реши Оливие Жиру со гол во второто полувреме.

Втората е во сопственост на тренерот Томас Тухел, кој нема пораз на 12 меча по ред, или откако дојде на „Стмефорд Бриџ„ во Лондон. Тухел го надмудри Чоло Симеоне на првиот меч и ако сака да биде сигурен во пласман во четвртфиналето ќе мора да ја одбрани серијата од 12 меча без неуспех што ја почна против Вулверхемтон на 27. јануари во дебито на клупата на Челзи.

Германецот има проблеми, бидејќи нема да може да смета на Мејсон Маунт и на Жоржињо, кои беа стартери во Мадрид, но Челзи има широк ростер и одличен резултат од првиот меч.

Кај Атлетико најавено е дека Жоао Феликс нема да биде стартер, а во поофанзивна формација се очекува Симеоне да ги вклучи Кореа и Лемар како поддршка за Луис Суарес во нападот.

 

Најавени состави

Челзи: Менди, Аспиликуета, Кристенсен, Ридигер, Џејмс, Канте, Ковачиќ, Алонсо, Хадсон-Одои, Жиру, Вернер

Атлетико: Облак, Трипие, Савиќ, Фелипе, Хермосо, Коке, Караско, Љоренте, Суарес, Лемар, Кореа.

 

- Оглас -

Најнови вести