Атлетико му нанесе историски дебакл на Реал Мадрид (Видео)

Реал Мадрид кој е рекордер по број на титули во Лигата на шампионите, утрово стана првиот тим во десетгодишното постоење на Интернационалниот шампионски куп кој примил седум гола на еден меч од ова летно натпреварување кое се користи како подготовка за сезоната. Атлетико го разби Реал со 7-3, а по првото полувреме, резултатот беше неверојатни 5-0. Во 8 минута беше 2-0, во 70 минута беше 7-1.

Диего Коста даде четири гола од кои три во првото полувреме, а потоа беа исклучени заедно со Дани Карвахал. Се повредија Алваро Мората од Атлетико и Лука Јовиќ од Реал.

Серхио Рамос убаво објасни што се случило на стадионот во Њу Џерси.

„Може да се загуби меч, не е проблем, но не вака. Ние игравме како на пријателски меч, тие играа како да е финале. На пауза се договоривме да го заборавиме првото полувреме. Знаеме дека навивачите се разочарани и навредени, и ние сме. Сепак верувам во оваа екипа, нека веруваат и фановите“ – изјави капитенот на Реал.

„Кралскиот клуб“ не примил седум гола на пријателски меч уште од 1980 година, кога Баерн Минхен го понижи со 9-1. После тој меч, тренерот Вујадин Бошков кажа: „Подобро еден ваков пораз од 9-1, отколку девет порази од по 1-0“.

https://www.youtube.com/watch?v=0jctNIZiK8M

- Оглас -

Најнови вести