Атлетико Мадрид ќе мора на домашен терен да се обиде да обезбеди пласман меѓу осмуте најдобри екипи во Кралскиот куп откако фудбалерите на Диего Симеоне ремизираа со Жирона при конечни 1-1 во првиот дуел од двомечот.
Гостите од Мадрид поведоа само по девет минути игра, стрелец на голот беше Антоан Гриезман, додека за каталонскиот состав погоди Лозано во 34-тата минута и го постави конечниот резултат.
Реваншот ќе се игра на прекрасниот „Метрополитано“, закажан за 16-ти јануари со почеток од 19:30 часот.