Атлетико Мадрид ги собра бодовите на гостувањето кај Мајорка со победата од 2-0 во мечот од шестото коло во Ла Лига. Фудбалерите на Диего Симеоне се вратија во победнички погон по двата лоши резултати во шампионатот и барем до Реал Мадрид – Осасуна ќе стојат на првото место на табелата со 13 бода.
https://twitter.com/RCD_Mallorca/status/1176924795360993281
По подолго време, за домаќините заигра македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, а нашиот офанзивец не се прослави во 30-те минути кои ги одигра во третиот овосезонски пораз на Мајорка. Диего Коста (26‘) и Жоао Феликс (65‘) беа талични за Јорганџиите во успешниот обид да се освојат потребните бодови на ова гостување, иако последните петнаесетина минути играа со фудбалер помалку.
Алваро Мората набрзо по влегувањето во игра заработи два жолти картони поради приговор и беше исклучен од средбата.
https://www.dailymotion.com/video/x7lppj4
Вториот првенствен меч кој се играше во исто време заврши со реми од 1-1 меѓу Леганес и Атлетик Билбао.