Атлетико никогаш полесно не ја победил Барса, Суарес „му се јави“ на човекот кој го избрка од Каталонија

Атлетико Мадрид после години и години неуспеси против Барселона, сега има серија од три меча без пораз против Каталонците, а вечерва ги совладаа со рутински 2-0, и уживаа во тоа. Двата гола паднаа во првото полувреме, едниот погодок беше на Луис Суарес, а Барса покажа немоќ и во одбраната и во нападот.

Сега Суарес има дадено гол против сите 31 екипи во Шпанија против кои што играл. Тој не го прославуваше голот, молеше за прошка, но не заборави да се сврти кон ложата каде што седеше Роналд Куман и да го потсети на телефонскиот разговор во кој тренерот му кажа на Уругваецот да си бара нов клуб, бидејќи го смета за непотребен во Барселона.

Како играч на Барса, Суарес на 18 меча даде 8 гола против Атлетико, а сега како Јорганџија, на два меча против Барса има еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести