Атлетико Мадрид го одигра својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и пред својата публика го победи Реал Мадрид со 5-2 во големото мадридско дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно запиша две победи во низа во шпанскиот шампионат, додека Кралевите го доживеаја првиот пораз по шесте последовни победи.
Натпреварот започна во спектакуларен ритам, со четири гола уште во првото полувреме. Ле Норман ја отвори серијата голови во 15-та минута со голо со глава, но Реал брзо возврати.
Арда Ѓулер асистираше до Мбапе за израмнување, а потоа самиот го совлада Облак за водство од 1-2. На полувреме резултатот беше 2-2, откако Сорлот со удар со глава израмни во судиското продолжение на првиот дел.
Во вториот дел следеше нов шок за Реал. Алварез постигна гол од пенал во 64-та минута и донесе комфорни 4-2 за Атлетико.
На крајот, Антоан Гризман со мајсторски погодок во судиското продолжение го постави конечниот резултат 5-2.