Атлетико опасно се коцка со титулата, Севилја со победа најави пеколни 9 кола во Ла Лига

Маркос Акуња постигна гол за победа на Севилја против лидерот Атлетико Мадрид и најави драматична трка за титулата во последните 9 кола во Ла Лига.

Домаќините и покрај промашениот пенал во осмата минута, успеаја да ги освојат трите бода и да си го обезбедат настапот во Лигата на шампионите, а дури и да се вклучат во битката за шампионската круна.

Дербито мина во цврста игра од двете страни, а сè можеше да биде поинаку ако Окампос го погодоше пеналот во осмата минута. Јан Облак успеа да одбрани, но не успеа да ја поправи грешката на гостинската одбрана во 70-тата минута, кога Акуња беше оставен сам и казни со победнички гол.

Атлетико Мадрид и покрај поразот, остана лидер со 66 бода, три повеќе од Реал Мадрид, но ако утре Барселона победи против Валјадолид на домашен терен, ќе го замени Кралскиот клуб само со еден бод зад Јорганџиите.

На девет кола до крајот на првенството, Севилја е на четвртата позиција со 58 бода.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести