30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Атлетико по две години го врати Караско

Атлетико Мадрид го врати Јаник Караско во своите редови по две години откако го продаде во кинеската лига на Далијан Јифанг. Белгискиот репрезентативец веќе е во Мадрид и тренира со екипата на Чоло Симеоне во пресрет на градското дерби против Кралевите, кое е закажано за утре.

Откако Јорганџиите не успеаја да го договорат Кавани да се пресели на „Метрополитано“ уште во овој преоден рок, експресно го решија ангажманот на нивниот поранешен играч, кој запиша повеќе од 120 настапи во првиот престој во шпанската престолнина.

Инаку станува збор за позајмица до крајот на сезоната, а дури потоа ќе се прават пресметки дали Атлетико ќе го задржи Караско согласно со неговиот придонес за екипата.

- Оглас -

Најнови вести