Атлетико Мадрид никогаш не загубил на гостување на „Лас Карменес“ во Гранада, а не само што не загуби ниту денеска, туку победи со 2-1 и се зацврсти на чело на табелата во шпанската Ла Лига. Атлетико на гостувањата во Гранада сега има пет победи, три ремија и ниту еден пораз.
Маркос Љоренте ја најави победата, домашните изедначија со гол на Јангел Ерера, но Атлетико ди трите бода дојде по додавањето на Љоренте до Анхел Кореа, а овој шутна и топката се одби од Валјехо, измамувајќи го голманот на Гранада. За Јорганџиите ова е петта гостинска победа по ред.
Атлетико во последните пет кола секогаш прима гол, но нападот е многу поефикасен отколку во минатото и тоа ги носи кон титулата.
https://www.youtube.com/watch?v=rVXATuCKpfM