23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Атлетико подготвува размена со Јувентус, а главна ѕвезда треба да биде српскиот напаѓач

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, им предложил размена на новите челници на Јувентус која би се реализирала во зимскиот преоден рок, пишува „Калчомеркато“.

Целта на Симеоне е да дојде до Душан Влаховиќ и е подготвен да се откаже од најскапото засилување во клупската историја, Жоао Феликс.

Симеоне не може повеќе да чека 126 милиони евра вредното засилување конечно да созрее и да прикажува игри какви што се очекуваат од него, па поради тоа сака да го донесе Влаховиќ, кој пред повредата играше одлично во дресот на Старата дама.

Според „Калчомеркато“, оваа размена не изгледа толку нереална бидејќи Јувентус се наоѓа во големи финансиски проблемии и сигурно е дека ќе биде принуден да продаде неколку играчи. Јувентус го проценува Влаховиќ на 80 милиони евра, но може да се согласи и на размена со Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести