Атлетико Мадрид може да се пофали дека заврши одлична работа во летниот преоден рок. Меѓу Јорганџиите пристигна еден од најталентираните млади играчи, Жоао Феликс за кого беа потрошени 113 милиони евра. Овие пари завршија во касата на Бенфика. Освен Феликс, Атлетико на „Ванда Метрополитано“ ги доведе и Маркос Љоренте, Фелипе, Ренан Лоди, Иван Шапоњиќ, Николас Ибањез и Ектор Ерера, па вкупната потрошена сума за нови играчи во Атлетико засега изнесува 176 милиони евра.
И покрај потрошените пари за нови играчи, Атлетико може да се пофали дека летово е во голем плус, од преку 100 милиони евра. Како е тоа можно? Јорганџиите од продадени играчи летово заработија 280 милиони евра, сума која тешко дека некој друг европски клуб во блиска иднина ќе може да ја достигне.
Најмногу пари Атлетико заработи од продажбата на Антоан Гриезман во Барселона. Каталонскиот гигант плати 120 милиони евра за ѕвездата на мадридскиот клуб.
Освен Гриезман, од Атлетико си заминаа уште и Лукас Ернандес, Родри, Желсон Мартинес, Лусијано Вјето, Бернард Менсах, Хуанфран, Филипе Луис и Диего Годин.
Вкупната заработена сума од заминување на сите овие играчи достигна 280 милиони евра, што значи дека Атлетико летово е има добивка од 104 милиони играчи по продавањето и купувањето на играчи за новата сезона.