Атлетико потврди: Член на европскиот првак го засили тимот на Симеоне

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид потврди дека нов член на тимот на Диего Симеоне е Робин Ле Норман. Стоперот на Реал Сосиедад и на шпанската репрезентација пристигнува во Мадрид во трансфер вреден околу 34 милиони евра, плус одредени бонуси.

Ле Норман пристигна во Реал Сосиедад како 18-годишен фудбалер од францускиот Брест, играше три сезони во Б – тимот, а потоа стана стандарден првотимец од летото 2019 година.

Со доаѓањето на Луис де ла Фуенте на клупата на репрезентацијата на Шпанија, тој стана важен дел од тимот кој ова лето стана европски шампион.

Ле Норман официјално е првото засилување за Диего Симеоне ова лето, а се очекуваат уште неколку нови играчи до крајот на преодниот рок.

- Оглас -

Најнови вести