Атлетико претера, за продажба на Португалецот кого го испрати на позајмица бара многу повеќе пари отколку што плати за неговиот трансфер

Управата на Атлетико Мадрид ја одреди отштетата за Жоао Феликс и секој што налето сака да го купи Португалецот ќе мора да плати неверојатни 140 милиони евра, пишува весникот „Мундо Депортиво“.

Феликс моментно настапува на шестмесечна позајмица во Челзи, а премиерлигашот при потпишувањето на договорот инсистираше да не се вметнува клаузула за задолжителен откуп на Португалецот.

Сумата што ја бара шпанскиот тим за продажба на Жоао Феликс е поголема од таа што ја плати во 2019 година, кога од Бенфика го донесе на „Ванда Метрополитано“.

Феликс пристигна во Атлетико за 126 милиони евра и играше во многу подобра форма отколку што игра сега и токму поради тоа, сите се шокирани од цената што шпанскиот тим ја бара.

Португалецот во дресот на Атлетико одигра 131 натпревар и постигна 34 гола, а во 2021 година ја освои титулата во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести