Екипата на Атлетико Мадрид пропушти голема шанса да се израмни на врвот од табелата на Ла Лига со Реал Мадрид и Жирона со по 28 бодови. Избраниците на Симеоне вечерва се поразени на гостувањето на Канарските острови од Лас Палмас со 2-1.
Откако првото полувреме заврши без голови, домашните изненадувачки дојдоа до убедливи 2-0 во второто полувреме. Кириан во 51-вата година го отвори резултатот, а на 2-0 зголеми Рамирес во 75-тата година. Почесниот погодок за Атлетико Мадрид беше дело на Алваро Мората во 83-тата минута, кој не беше доволен за да се извлече поволен резултат.