Атлетико се мачеше против шестолигаш, победи дури откако во игра влегоа ѕвездите (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со тешка мака победија со 0-2 на гостувањето во Каталонија, против шестолигашот Вик во шпанскиот Куп на кралот. Јорганџиите долго се мачеа да го отворат резултатот, па Диего Симеоне во игра мораше да ги внесе ѕвездите Хуан Алварес, Коке и Антоан Гризман за да дојдат до победата.

Хуан Алварес беше човекот кој ја донесе победата за Атлетико откако погоди во 81-вата минута од пенал, а потоа во 90-тата ги постави конечните 0-2 за членот на Ла Лига.

Шестолигаш за противник имаа и фудбалерите на Еспањол, кои на крајот победија со убедливи 0-4, иако долго се мачеа да го скршат отпорот на Сан Тирсо. Членот на Ла Лига поведе во 54-тата минута преку Велис, а останатите три гола паднаа помеѓу 84-тата и 91-вата минута.

- Оглас -

Најнови вести