Атлетико со двојна „шлаканица“ за Хетафе

Атлетико Мадрид со рутински 2:0 го победи мадридскиот ривал Хетафе, а во финишот двајца играчи на гостинскиот тим добија црвени картони. Атлетико останува втор на табелата, а за Хетафе заврши мини-серијата од две победи по ред. „Јорганџиите“ од 1 септември не знаат за пораз.

Антоан Гризман со својот десетти лигашки гол (поефикасен од него е само Меси од Барселона) сезонава го донесе Атлетико во водство, а предноста ја удвои Саул. Голот на Гризман беше 700-ти за Атлетико откако на клупата седна Диего Симеоне.

За шпанскиот фудбалер од средниот ред, ова беше прв гол по пауза од повеќе од една година. Саул нема пораз, туку има 40 победи и 5 нерешени на 45-те меча во кариерата (се смета и репрезентацијата) на кои дал гол.

Хетафе на дури 13 меча по ред нема дадено гол против Атлетико и тоа е најцрна серија во Шпанија. Ако се смета и Купот, Хетафе на 15 меча по ред не ја затресол мрежата на Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести