Атлетико Мадрид побендички си замина од Севилја. Јорганџиите славеа со 2:1, иако губеа со 1:0. По оваа победа, Атлетико стигна до 60 бодови на табелата и се враќа во трката за титулата, затоа што сега заостанува само седум бода зад лидерот Барселона, а има три помалку од градскиот ривал Реал.
Севилја дојде во водство по само седум минути игра и тоа со еден прекрасен шут од далечина, кој може да го видите ТУКА.
Сепак, Атлетико не се предаде, па гостите брзо израмнија на 1:1. Беше досуден пенал, а Хулијан Алварес беше прецизрен од белата точка во 25 минута. Потоа, повеќе од еден час мрежите мируваа и кога се очекуваше да биде нерешено, Атлетико уште еднаш покажа зошто по квалитет е веднаш зад Барса и Реал.
По една прекрасна соло акција, во 90+3 минута Пабло Бариос постигна гол и донесе огромна радост за тренерот Диего Симеоне и неговите играчи. Победничкиот гол на Атлетико може да го видите ТУКА.