Атлетико со пенали му го расипа јубилејот на Меси (Видео)

Барселона не успеа да го победи Атлетико Мадрид во дербито на 33-тото коло, а мечот гарниран со три пенали заврши нерешено 2:2.

Лионел Меси искористи еден од нив и со прекрасна паненка го прослави големиот јубилеј, 700-ти гол во кариерата. Но ни тоа, ниту двојната предност што ја имаа Каталонците не им беше доволна за победа, па сега Реал Мадрид е голем фаворит за титулата.

Диего Коста си постигна автогол во 11-тата минута, а потоа можеше да биде уште поголем трагичар на дербито.

Неколку минути подоцна напаѓачот на Атлетико утна пенал, но го спаси Марк-Андре Тер Штеген. Голманот на Барселона предвреме излезе од голот и ударот од белата точка во 19-тата минута беше повторен, а новиот изведувач на пеналот, Саул Нигес, беше прецизен и израмни на 1:1.

https://www.youtube.com/watch?v=6aMfWsC2Jfo

Потоа дојде момент за голем јубилеј, а го славеше Лионел Меси со 700-ти гол во кариерата. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња погоди од пенал со паненка и си го зачини прекрасниот јубилеј.

https://twitter.com/MessiCF10/status/1278074323949895680?s=20

Но, Барселона не успеа да победи во дербито на 33-тото коло, а мечот што изобилуваше со пенали, беше и одлучен со удар од белата точка, втор за гостите од Мадрид.

Повторно го реализираше Саул Нигес со гол во 62-рата минута за нерешени 2:2, што ја одалечија Барселона од битката за титулата со вечниот ривал Реал Мадрид.

Каталонците со меч повеќе се на второто место со 70 бода, а лидерот има 71 бод и шест меча за доигрување, за разлика од Барселона, која има уште пет натпревари до крајот на сезоната во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести