Атлетико со пресврт до победа, Алмерија го доби дербито за опстанок (Видео)

Атлетико Мадрид оствари пресврт-победа над Мајорка и остана во трка со Реал Мадрид за втората позиција на табелата во шпанската Ла Лига. Сепак, натпреварот започна лошо за избраниците на Симеоне. Гостите од Мајорка дојдоа во водство преку Матија Настасиќ во 20-тата минута.

Во самиот финиш на првиот дел, Атлетико успеа да израмни преку Родриго де Пол.

На самиот старт од второто полувреме, односно во 47-мата минута Алваро Мората го доведе Атлетико Мадрид во водство од 2-1 и ја најави победата на Јорганџиите.

Победата од 3-1 ја потврди Јаник Караско во 77-мата минута.

На вториот натпревар кој се играше од 19:30 часот, екипата на Алмерија забележа значајна победа во борбата за опстанок над директниот конкурент Хетафе со 1-2. Луис Суарес беше двоен стрелец за гостинската екипа, додека Мајорал го постигна почесниот погодок за домашните. Со оваа победа Алмерија избега на три поени предност од опасната зона, додека Хетафе останува само на бод предност пред Валенсија, која има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести