29.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Атлетико со стар рецепт до нова победа

Атлетико Мадрид ја прекина серијата од три меча без победа со триумф по стар рецепт, што одлично го познаваат јорганџиите на Чоло Симеоне.

Славеа со 1:0 против Гранада со голот на Анхел Кореа во шестата минута, а потоа во свој стил ги затворија сите приоди кон својот гол и успеаја да ги освојат бодовите.

https://www.youtube.com/watch?v=zrASl4936nE

За Кореа ова е четврти гол сезонава, а Атлетико стаса до 39 бода на четвртото место на табелата. Ист број на бодови има и Севилја, но со меч помалку.

Гранада е десетта во Ла Лига со 30 бодови.

- Оглас -

Најнови вести