Атлетико Мадрид втор меч во низа во Ла Лига бележи триумф од минимални 1-0. Јорганџиите вечерва со тој резултат славеа на гостувањето кај Леганес, благодарение на комбинацијата Жоао Феликс и Витоло.
Суперталентираниот Феликс повторно блескаше на теренот, а во 70-тата минута му асистираше на Витоло за нови три бода на шпанскиот вицепрвак. Гостите можеа да постигнат најмалку уште еден погодок до крајот на средбата, но и со резултатот од 1-0 бодовите важат исто, така што Симеоне може да биде задоволен што неговиот победнички рецепт уште работи.
https://www.dailymotion.com/video/x7hltbu