Атлетико Мадрид на свој терен ќе игра против Бриж и е голем фаворит за освојување на трите бода. Покрај тоа што играчки е многу подобар, фактот дека средбата се игра во Мадрид, дава дополнителна сигурност за „јорганџиите“. Мадридскиот клуб е меѓу најсигурните екипи кога игра пред своите навивачи.
На последните 30 меча како домаќин, Атлетико има одличен биланс од 23 победи, пет нерешени и само два порази. Освен што победува, мадриѓаните имаат и неверојатно цврста одбрана. Во тие 30 дуели, имаат примено само девет голови, а на 23 средби успеале да ја сочуваат својата мрежа да остане незатресена.
Бриж е тим како по мерка за да се прокнижи 24-та победа и по 24-ти пат да остане без примен гол, a огромната фаворитска улога на Атлетико го прави овој дуел да биде еден од најтипуваните.