Атлетико за десет минути го реши Валјадолид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја забележаа деветтата победа во 18-тиот натпревар во Ла Лига и ќе преноќат на четвртото место на табелата.

Јорганџиите на „“Ванда Метрополитано“ со 3:0 го совладаа Валјадолид, а дилемите околу победникот ги решија за само десет минути.

Во 18-та минута, Алваро Мората го отвори резултатот, откако доби одлична топка со пета од Антоан Гризман.

Само пет минути подоцна, Молина мина по десната страна, го пронајде Гризман на кого не му беше тешко да зголеми на 2:0.

Во 28-та минута, Антоан Гризман нафрли од слободен удар, Ермосо скокна највисоко и по одбиената топка од голманот, успеа топката да ја смести во голот за 3:0.

- Оглас -

Најнови вести